Македонија

Филипче-Спиропали: Северна Македонија и Албанија треба заедно да продолжат по европскиот пат

23.09.2024 16:36

Како што информираат од СДСМ, на средбата се разговараше за добрососедските односи помеѓу Северна Македонија и Албанијa, како и за идните политики во делот на забрзување на евроинтеграцискиот процес на двете држави.

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, Венко Филипче, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски и со пратеникот Фатмир Битиќи, одржаа средба со Претседателка на Собранието на Република Албанија Елиса Спиропали, која е во официјална посета на државата.

Како што информираат од СДСМ, на средбата се разговараше за добрососедските односи помеѓу Северна Македонија и Албанијa, како и за идните политики во делот на забрзување на евроинтеграцискиот процес на двете држави.

Филипче и Спиропали, се согласија дека Северна Македонија и Албанија мора заедно да продолжат по европскиот пат, со фокус на исполнување на обврските и размена на искуства во рамки на процесот на пристапување кон Европската Унија,што е важно за иднината на граѓаните на двете држави.

Во тој контекст, претседателот Филипче посочи дека загрижува политиката на актуелната власт во однос на евроинтеграцискиот процес на државата.

На средбата беше потврдена досегашната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, и важноста од зајакнување и унапредување на регионаланата соработка како на економско така и на билатерално ниво.