Специјална комисија ќе го проверува договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО
Комисијата, како што велат од Министерството, е формирана по пријавите за стомачни тегоби на лица од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово на 12-ти септември годинава по консумирање храна во објектите.

Во Министерството за одбрана е формирана Комисија која има за цел преиспитување на сите неправилности и недостатоци од договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и Министерството за одбрана.
Комисијата, како што велат од Министерството, е формирана по пријавите за стомачни тегоби на лица од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово на 12-ти септември годинава по консумирање храна во објектите.
Комисијата е во состав на одговорни лица од сите сектори и секции од Министерството и Генералштабот на Армијата и доколку се утврдат неправилности или недостатоци во однос на реализација на склучениот договор од страна на фирмата, Министерството ќе преземе мерки за раскинување на договорот, посочуваат од Министерството за одбрана.
