Индустрија

Рестартиран кочански „Руен“

15.07.2014 11:32

По два месеца од преземањето, рестартирана фабриката за производство на автомобилски делови „Руен“ од кочани. Вработени се 140 лица. Годишно ќе се произведуваат делови во вредност од над 600.000 евра наменети за извоз...

140 нови вработувања и годишно производство на автомобилски спојници во вредност од 600.000 евра е ефектот од рестарирањето на кочанката фабрика „Руен“, сега именувана како Ruen Inox Automobile.

„Споивме 61-годишна традиција на „Руен“ во делот на знаењата за изработка на автомобилски делови и 25 години искуство во преработка на инокс материјали и опрема во Ting Inox. Практично двете фабрики ги споивме во една“, изјави Славе Јорданов, генерален директор на Ruen Inox Automobile.

Целокупното производство на „Руен“ е наменето за извоз, главно во земјите од регионот и Јужна Африка, а во тек се преговори за пробивање на пазарите во Турција и Блискиот Исток.

„Компанијата е подготвена да произведе 20.000 броја месечно лемели з апатнички возила, 20.000 квачиа за патнички програм, 3.000 ламели за товарни возила и трактори  и 2.000 квачила за товарни возила и трактори “, објасни Ване Велков, директор за производство во „Руен“.

Отворањето на „Анфенол“, најавата за отворање на две холандски компании и рестартирањето на „Руен“ значително ќе ја подобри економската состојба во Кочани.

„Иселувањето на младите, како резултат на економската состојба е најголемиот проблем на Кочани. Со влезот на страски инвестиции и рестартирањето на трите фабрики, ќе имаме услови за вработување на младите генерации и спречување на иселувањето“, вели Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани.

Во набавка на опрема и репроматеријали и реновирање, новите сопствениц на „Руен“ Ting Inox   и Office Express, вложија 2,5 милиони евра.

 

Оливера Жежова