Обединети нации

Средба Муцунски- Герапетритис во Њујорк

23.09.2024 19:45

Македонскиот и грчкиот шеф на дипломатијата разговарале за имплементирањето на Преспанскиот договор и унапредување на соработката меѓу двете земји…

Во Њујорк средба на македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи. Муцунски и Герапатритис разговарале за имплементирањето Преспанскиот договор и унапредување на соработката меѓу двете земји.

„Денешната средба претставува важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значително унапредување на заемните дипломатски односи. Во текот на конструктивната дискусија, посебно внимание посветивме на можностите за развој на трговијата, инфраструктурата и инвестициите во енергија, како клучни области каде постојат реални можности за проширување на соработката“, објави шефот на дипломатијата Муцунски на социјалните мрежи.

За Муцунски, почитувањето на меѓународното јавно право е од суштинско значење за обезбедување на иднина заснована на меѓусебно почитување, заеднички просперитет и одржлив мир. Заемната посветеност на овие принципи е основа за успешна реализација на идните взаемно корисни иницијативи и проекти.

Муцунски на покана на италијанскиот шеф на дипломатијата учествуваше и на состанокот на министрите за надворешни од Западен Балкан и Групата на пријатели на Западен Балкан.

Стојан Трпчевски известува од Њујорк