Временска прогноза

Променливо облачно и релативно топло

24.09.2024 08:02

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне, претежно во западните делови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне, претежно во западните делови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 14 степени, а максималната од 22 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.