СОНК најави протест доколку не се покачат платите во образованието
Советот констатира дека доколку до крајот на месецов не бидат исполнети нивните барања за усогласување на платите во основно и средно образование ќе ги активираат како што велат најрадикалните синдикални мерки...

СОНК бара повисоки плати веднаш, ако тоа не се случи, најавија дека ќе протестираат. Советот констатира дека доколку до крајот на месецов не бидат исполнети нивните барања за усогласување на платите во основно и средно образование ќе ги активираат како што велат најрадикалните синдикални мерки.
Советот на СОНК констатира дека премногу долго траат преговорите со владата и сметаат дека час поскоро треба да завршат со прифатливо решение за двете страни, како би можело усогласувањето на платите да започне со септемвриската плата, се наведува во заклучоците.
