Блиски Исток

Интензивните воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан

24.09.2024 08:36

Израелската војска ги изврши најинтензивните воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан. Загинаа стотици луѓе, меѓу кои и десетици деца и жени...

Израелската војска ги изврши најинтензивните воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан. Загинаа стотици луѓе, меѓу кои и десетици деца и жени. Тел Авив предупредува дека милитантната група ги користи цивилите како жив штит, а нивните домови како складишта за смртоносно оружје.

„Ние не бараме војни. Сакаме да ги отфрлиме заканите. Тоа мора да биде безбедна зона каде Хезболах ќе биде потиснат од границата и нема да има проектили, ракети, летала кои се закануваат на нашите заедници, на нашите граѓани. Тоа е нашата мисија и ќе направиме сè што е потребно за да ја оствариме“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската војска.

Премиерот Нетанјаху му порача на либанскиот народ сериозно да го сфати предупредувањето за евакуација и оти ќе може да се врати дома по завршување на борбите. Од Вашингтон со став, важно е конфликтот брзо да се реши. Најновите воени дејствија на Блискиот Исток следуваат по двата брана на смртоносни напади изминатата недела во кои експлодираа стотици рачни пејџери и воки-токи уреди користени од милитантите на Хезболах.