На фронтот во Украина продолжуваат жестоките битки, Зеленски во САД ќе го претстави планот за мир
Дејствија на Русија и нејзините соучесници направија уште еден обид да се поткопа глобалното единство и да се намали ефикасноста на Повелбата на ООН, истакна претседателот на Украина, Зеленски на самитот на „Пактот на иднината“...

Новите деструктивни дејствија на Русија и нејзините соучесници направија уште еден обид да се поткопа глобалното единство и да се намали ефикасноста на Повелбата на ООН, истакна претседателот на Украина, Зеленски на самитот на „Пактот на иднината“.
„Украина ги поддржува меѓународните напори насочени кон зачувување на единството, безбедноста и строго придржување кон Повелбата на ООН. И сите гледате кој секогаш не само што се противи, туку и активно работи на поткопување на глобалното единство“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Русија одби да го поддржи планот на ООН чија цел е да ги зближи се поделените нации во светот кои мора да се справат со предизвиците на 21-от век.
„Конкретно, не можеме да поддржиме формулација која има за цел да ја поткопа меѓувладината природа на ООН. Она што е исто така неприфатливо е селективно цитирање на неколку национални закони од учесници, така што во документот не се споменува немешање во внатрешните работи на суверени држави или принцип на соработка“, изјави Сергеј Вершинин, руски заменик министер за надворешни работи.
И додека на фронтот продолжуваат жестоките битки, Зеленски во САД ќе го претстави планот за мир на претседателот Бајден и кандидатите за иден шеф на Белата Куќа, Харис и Трамп.
