Англија

Силен дожд и поплави во Англија

24.09.2024 08:43

Патишта и куќи се поплавени во централна и јужна Англија. Локалните власти соопштија дека сите служби за итни случаи работат на санирање на последиците. Долгите врнежи од дожд се очекуваат и денеска во делови од Шкотска...

Изобичните врнежи предизвикаа поплави во делови од Англија и Велс. Патишта и куќи се поплавени во централна и јужна Англија. Локалните власти соопштија дека сите служби за итни случаи работат на санирање на последиците. Долгите врнежи од дожд се очекуваат и денеска во делови од Шкотска.

Стариот континент и натаму ги санира штетите од поплавите изминатите денови, предизвикани од бурата „Борис“.