Работилница

Регионалната работилница на СЗО и УНФПА

24.09.2024 08:54

Регионалната работилница насловена „Ориентација и градење капацитети за зајакнување на интеграцијата на сексуалното и репродуктивното здравје во националните планови за универзална здравствена покриеност и процесите во Западен Балкан“...

Регионалната работилница насловена „Ориентација и градење капацитети за зајакнување на интеграцијата на сексуалното и репродуктивното здравје во националните планови за универзална здравствена покриеност и процесите во Западен Балкан“, ќе биде денеска отворена во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, со почеток во 9:00 часот Работилницата, која е организирана од Светска здравствена организација (СЗО) и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во партнерство со Министерство за здравство, ќе трае од 24 до 26 септември.

На неа ќе учествуваат експерти од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово* (*UNSCR 1244), Северна Македонија и Србија, а фокусот ќе биде интегрирање на сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ) во националните процеси на Универзалната здравствена покриеност.