ООН
Започнува Генералното собрание на ОН, Сиљановска Давкова ќе учествува на Годишниот состанок
24.09.2024 09:55
„Не оставајќи никого зад себе, дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“, е темата на годинешното собрание...

Во Њујорк, почнува 79. Генералното собрание на ООН. Македонската делегација ја предводи претседателката Сиљановска Давкова. „Не оставајќи никого зад себе, дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“, е темата на годинешното собрание.
В четврток говор ќе има и шефицата на македонската држава.
