Жестоки борби во Луганск
Украинската војска и силите на одбраната на Доњецк и Луганск со денови водат големи борби, коишто почнаа откако официјален Киев покрена офанзива за преземање контрола врз споменатите области...

Припадниците на вооружените сили на самопрогласената Народна Република Луганск соопштија дека во последните 24 часа, во текот на борбите за аеродромот, убиле околу 100 украински војници и уништиле 5 тенкови, две оклопни возила и еден минофрлач.
Украинската војска и силите на одбраната на Доњецк и Луганск со денови водат големи борби, коишто почнаа откако официјален Киев покрена офанзива за преземање контрола врз споменатите области.
„Она што го направија не може да се опише. Гледате што сторија. Среќни сме што преживеавме. Не знаеме каде да одиме сега и што да правиме“, вели една жителка на Луганск.
Според податоците на украинското министерство за здравство, во текот на воената операција загинале 478 цивили, додека 1392 лица биле повредени.
