Започнува третото издание на „Маалски фестивал“
Герасимовски најавува дека Фестивалската програма започнува во петок на 27 септември со Креативна работилница за изработка на „све и свашта“ за у Маало која започнува во 10 часот, а потоа и работилница за изработка на урбана опрема под водство на Никола Писарев. ..

Со изложби, креативни работилници, концерти, базари, саеми и други културни настани стартува третото издание на „Маалски фестивал“. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека со фестивалот општината гради традиција на различни културни вредности.
Герасимовски најавува дека Фестивалската програма започнува во петок на 27 септември со Креативна работилница за изработка на „све и свашта“ за у Маало која започнува во 10 часот, а потоа и работилница за изработка на урбана опрема под водство на Никола Писарев. Маалскиот фестивал вклучува танц, музика, книжевност, прошетки по маало, филмски промоции, театарски претстави и уличен базар.Напладне, во 12 часот, „Тиит. Инк“ организира маалска тура, низ која ќе ги посетиме објекти дизајнирани од архитекти низ Општина Центар.
Оваа година го поттикнуваме и детскиот џагор низ улиците и парковите преку „Сложувалка“, креативната работилница под менторство на интердисциплинарниот уметник Доротеј Нешовски.
Најмладите учесници заедно со уметникот ќе изработуваат џиновски улични сложувалки наменети за јавниот простор, со што ќе се здобијат со фини моторни вештини.
Официјално, третото издание на Маалски ќе започне со изложбата „Пет години КСП „Центар – Јадро“ во 20 часот, изложба која го претставува Центарот како приказна која се создава колективено.
