Новини во сексуалното образование во ЕУ
Во извештајот се бара задолжително сексуално образование за сите деца од нивната прва година.Таму е запишано дека децата од најрана возраст ќе учат за уживање и задоволство кога го допираат сопственото тело, за семејните односи како и правото да се истражуваа голотијата и телото под изговор - да бидеме љубопитни. На ова жестоко реагираа европските парламентарци.

,,Јас не можам да го прифатам предлогот и реакцијата на Estrela, бидејќи нејзиниот извештај беше изгласан со помалку од половина од членовите . Врз основа на тоа таа не смее да ги навредува и да ги нарекува лицемери или со нешто друго што ке и падне на памет - Нино Мело-европарламентарец ЕПП
Во извештајот на европратеничката Естрела се бара и неограничен пристап за абортус или тој да се третира како основно човеково право. Токму за оваа точка имаше најмогу реакции од невладините проживот организации.
Сакаме поголема почит кон неродените деца и кон бремените жени кои ја немаат потребната подршка. Абортусот не е опција. Очекуваме граганите да го променат мислењето - Лизбет Ронсман
Во радикалниот Естрела-извештај се бараше и забрана на приговор на совеста кај здраствените работници.
Тоа значи дека некој што искрено мисли дека треба да работи против сопствените убедувања, односно да учествува во извршување на абортус-прекинување на еден живот на едно неродено дете, да биде присилен на тоа бидејки во спротивно би изгубил работа- мислам дека таква една резолуција би била антиевропска - Давор Штиер европски парламентарец ЕПП
Со одобрување на алтернативниот извештај европратениците изразија уверување дека политиките поврзани со абортусот треба да се одредат од суверени држави.
Марина Стојанова Тонева постојан дописник на МРТ од Брисел