ДЗР утврди низа неправилности во финансиското работење на Клиниката за неврологија
Клиниката за неврологија не ги евидентирала примените и потрошените лекови за ретки болести од донации во материјалната и сметководствената евиденција, утврдил Државниот завод за ревизија во извештајот за 2023 година...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги објави конечните ревизорски извештаи на ЈЗУ универзитетска клиника за неврологија за 2023 година.
Клиниката за неврологија не ги евидентирала примените и потрошените лекови за ретки болести од донации во материјалната и сметководствената евиденција, утврдил Државниот завод за ревизија во извештајот за 2023 година.
Нотирано е и дека во текот на минатата година биле креирани помалку од законски утврдените термини за вршење здравствени услуги преку „Мој термин“.
Ангажирани биле медицински сестри, болничари и шалтерски работници со договор на дело, без согласност од Министерството за финансии, а била утврдена и несоодветна контрола на користење на услуги од Службата за заеднички работи.
Констатирани се слабости и во планирањето и реализирањето на средства од условниот надоместок за набавка на имуномодуларната терапија.
За надминување на состојбата дадени се препораки со цел преземање мерки и активности од одговорните лица за подобрување на состојбата.
