Филков-Џанел: Холандија ги поддржува реформите во правосудството
Министерот за правда Игор Филков денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја Н. Е Узлем Џанел...
Министерот за правда Игор Филков денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја Н. Е Узлем Џанел. Разговараа за можностите за продлабочување на соработката,за меѓусебната поддршка во клучните процеси, како и за активностите кои ќе ги преземе Министерството за правда во наредниот период а се однесуваат на реформи во правосудството со цел да се зголеми довербата на граѓаните и да се изгради поцврст правен систем.
Министерот Филков и се заблагодари на амбасадорката за нивната посветеност за европската реформска агенда како и помошта која е дадена преку проектите кои се финансирани од Холандија, а се однесуваат на квалитетот и отчетноста на македонскиот правосуден систем, зајакнување на отчетноста, ефикасноста и транспарентноста на Судскиот совет, поддршка на Академијата на судии и јавни обвинители, владеење на правото.
Амбасадорката Џанел му посака на министерот Филков успех во извршувањето на функцијата министер и порача дека Холандија и во иднина ќе реализира проекти во областа на правосудството давајќи поддршка на затворскиот систем, како и поголема примена на пробацијата во нашата земја.
