Синдикална кошничка

ССМ: Минималната кошничка во септември изнесува 61.306 денари

24.09.2024 12:09

Од синдикалната минимална кошница за трошоци за исхрана и пијалаци во целост, односно 86 проценти се преземени во листата на производи чии маржи се ограничени од страна на Владата со што се очекува дека доколку мерката се почитува од страна на трговците...

Во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 996 евра или 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Во соопштението се додава дека делот од синдикалната минимална кошница за трошоци за исхрана и пијалаци во целост, односно 86 проценти се преземени во листата на производи чии маржи се ограничени од страна на Владата со што се очекува дека доколку мерката се почитува од страна на трговците, ќе придонесе за значајно намалување на трошоците за храна и пијалаци на најранливите категории на граѓани или на работниците со најниски примања.