Есенската потрошувачка кошничка стапи на сила
Купувачите не веруваат дека ќе се намалат трошоците за храна, трговците на пазарите велат не им се исплати да ги намалат цените. Есенската потрошувачка кошничка стапи на сила, но на охридскиот пазар нема забележително намалување на цените...

Стапи на сила акциската кошница, треба да бидат намалени 73 основни прехранбени производи зеленчук и овошје. На охридскиот пазар денес малку раздвижено. Граѓаните велат не забележаа намалување на цените. За нив зеленчукот и овошјето се скапи, велат повеќето годинава избегнуваат подготовка на зимница.
Не веруваат дека со овие мерки ќе им се намалат трошоците за храна и дека ќе им ја подобрат куповната моќ.
„Јас лично не верувам затоа што секоја цена со искуство наназад години не се вратила на старата цена никогаш не ги вратиле“.
„Очекуваме очекуваме да. Ќе правите ли зимница јас направив вчера, ви дојде ли скапо дојде вистински дојде скапо“.
„За скапо, скапо е, но колку што имаме финансии ќе направиме“.
„За намалување не ми се верува. Скапо е“.
„Се надеваме дека ќе намалат и дека ќе биде нешто“.
„За цените дека ќе се намалуваат чисто се сомневам баш. Затоа што пазарот и цените се движат спрема потрошувачката. На трговците тешко кој не сака да има подебел џеб“.
Трговците, велат нема да им се исплати да ги намалат цените, бидејќи и на земјоделците не им се исплатува да спуштат цена, бидејќи високи им се трошоците.
„Што да спуштиме 25 денари бостан продаваме, кромид 30 денари. Што да спуштиш без пари ли ќе работиш“, велат трговците.
„Ќе почитуваме ама во маркетите е оган. Вчера бев се е покачено а демек денес ќе ги намалат. Ги креваат а нема шанси да ги намалат. Ќе имате ли есап да продавате поевтино? Не ништо ова лето нема сезона саглам да продадеш да има цена“, изјави друг трговец.
„Мислам дека не, дека нема да се намалат. Нешто за да се замачка очи. Нема да ни се исплати. Овде на пазар не може земјоделецот што произведува пиперки да му нареди некој цена а има тој го чини цената толку со ѓубрива, со вода, со наводнување и да дава цена пониска“.
Есенската потрошувачка кошничка според Владата треба да донесе стабилизирање на цените на прехранбените производи.
Соња Рилковска
