Македонија

Народниот правобранител, УНДП и невладиниот сектор со меморандум за соработка за еколошка правда

24.09.2024 13:26

Еколошките проблеми во Македонија наложуваат поголема соработка меѓу институциите и граѓаните за справување со загадувачите. Почна механизам за поголема соработка на невладиниот сектор со Народниот правобранител за еколошка правда …

Состојбата со загадувањето во Македонија е катастрофална, Народниот правобранител и невладините организации почнаа соработка за побрзо откривање и создавање механизам за справување со загадувачите.

УНДП и високиот комесар за човекови права поддржуваат засилена еколошка правда во земјава.

Со поголема мрежа од невладини организации, Народниот правобранител ќе може да поднесува претставки до соодветните институции за санирање на еколошките проблеми.

 

Ирина Гелевска