Шумски институции

Борба против нелегално уништување на шумите

24.09.2024 12:58

Граѓаните незадоволни од работата на шумските институции, покажува анализата за јавното мислење со акцент на нелегалната сеча. Незадоволство искажано и за работата на судовите и обвинителствата...

Македонската јавност не е задоволна од работата на надлежните шумски институции, како и од обвинителствата и судовите во врска со девијантните појави во шумарскиот сектор. Ова го покажала анализата на јавното мислење, во чии рамки, акцентот е ставен на нелегалната сеча која има најголемо негативно влијание врз шумите како природен ресурс.

Опфатени во истражувањето се корисниците на производи со дрво, сопственици на приватни шуми, дрво преработувачи и осум општини.

Предмет на интерес во рамки на истражувањето се и низа други појави, како непочитување на законот, корупција, злоупотреба на службената положба и несовесно вршење на службата.

Анализата е работена врз основа на теренски и нетеренски активности, во рамки на проектот борба против нелегални шумски активности, кој ќе трае до следната година.

 

Марија Котовска