Њујорк

Прва средба Муцунски-Герапетритис

24.09.2024 13:25

Муцунски и Герапетритис разговарале за имплементирањето на Преспанскиот договор и унапредување на соработката меѓу двете земји...

Во Њујорк се македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи. Муцунски и Герапетритис разговарале за имплементирањето на Преспанскиот договор и унапредување на соработката меѓу двете земји. Муцунски очекува средбата да биде нов лист во добра комуникација меѓу двете влади. Грција ќе остане пионер во напорите за проширување на ЕУ, порача Герапетритис.

Повеќе информации од нашиот специјален известувач од Њујорк, Стојан Трпчевски.