Во 2025-та предупредување за кризи преку СМС пораки
Македонија доусовршува, според европски практики, систем за предупредување, узбунување и тревога при кризни ситуации, без разлика дали се од непогоди, несреќи или потешки кризи. Засега функционира известувањето преку медиуми и евентуално рачно вклучување сирена. Што се однесува до скривниците, тие се скриени од заборавот, а новите градби немаат обврска за нив …

Предупредување со СМС порака за кризна состојба може да добиете дури догодина, откако Македонија ќе го доусоврши и ќе го стави во функција системот за предупредување, узбуна и тревога. Засега сè оди преку медиумите.
Европа познава комбиниран систем – СМС пораки и сирени. Досегашниот, преку 50 години стар систем на узбуна е скап да се обновува.
Што се однесува до скривниците, Прилеп ги има скриено од запоставеност.
Граѓаните сакаат да бидат функционални. Се чувствуваат посигурно.
Инаку, во индивидуални и колективни згради, повеќе од 25 години никој нема обврска да гради скривници.
Елизабета Митреска
