Анализа

Релаксирање во односите со Грција, бугарската блокада носи опасност

24.09.2024 15:22

Средбата на шефовите на македонската и грчката дипломатијата, Муцунски и Герапетритис, носи релаксирање во односите меѓу Скопје и Атина – оценуваат аналитичарите. Сепак, бугарската блокада носи опасност земјава да биде раздвоена од Албанија на евроинтегративниот пат…

Средбата Муцунски – Герапетритис носи релаксирање на односите со соседна Грција, а одржувањето на добри релации освен што е важно за ЕУ интеграциите придонесува и за зајакнување на економската соработка, вели аналитичарот Благојче Атанасоски. Од друга страна, можноста земјава да биде одвоена од Албанија ќе има негативно влијание врз напредокот, а според Атанасовски, тоа ќе биде и лош геополитички потег.

Аналитичарот Александар Илиев оценува: ако земјава не ги продолжи преговорите, тоа меѓу другото ќе се рефлектира и на домашната политичка сцена.

Илиев излезот го гледа во градење на реална соработка со соседните земји, иако кога станува збор за Бугарија тоа ќе оди потешко бидејќи, како што вели, бугарските политички партии кои до скоро ѝ беа наклонети на Македонија, сега имаат потврд став кон Скопје.

Анита Димитријевска – Велковска