Од денеска ограничени маржи, секое непочитување на мерката ќе се санкционира
Владината одлука за намалени трговски маржи е објавена во „Службен весник“. Од денеска, 73 основни прехранбени производи добиваат пониски цени. Маркетите ги прават промените, Синдикатот реагира – трговците ги зголемија цените пред ограничувањето на маржите. Власта најави дека ќе санкционира неетичко однесување…

Граѓаните велат, секое намалување на цените е добредојдено, но само ако се почитува мерката. Засега не гледаат големо поевтинување на основните прехранбени продукти.
Од ССМ велат дека трговците во овој период, пред стапувањето на одлуката за маржите во сила, ги зголемиле цените. Минималната синдикална кошничка изнесува 61.306 денари.
Секое непочитување на мерката ќе се санкционира, вели премиерот Мицкоски.
За да има долгорочно решение, треба да се зголеми и заштити домашното производство и да се намали увоз, велат бизнисмените.
За разлика од претходниот, овој пат власта реши да оди со ограничени маржи, а не со замрзнати цени.
Александра Велинова
