Орбан в четврток и петок во официјална посета на Македонија
Унгарскиот премиер предводи министерска делегација која со македонската во Охрид ќе одржи меѓувладина седница и по која се очекува и конференција за медиумите на двајцата премиери.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, чија земја претседава со Eвропската унија, на 26-ти и 27-ми овој месец е во официјална посета на Македонија.
В петок во Охрид ќе има официјална средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Унгарскиот премиер предводи министерска делегација која со македонската во Охрид ќе одржи меѓувладина седница и по која се очекува и конференција за медиумите на двајцата премиери.
Претседателите на унгарската и на македонската влада ќе посетат црковно- историски споменици и ќе положат цвеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во Охрид.
