Собрание

Изгласани измените на Законот за локална самоуправа

24.09.2024 18:16

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети пред гласањето во име на пратениците од Европскиот фронт рече дека причината поради која Европскиот фронт ќе ги поддржи измените се да не ги малтретираат граѓаните да гласаат и да не се трошат дополнителни средства.

Со двотретинско мнозинство и Бадентер, изгласани измените во Законот за локална самоуправа, со кој се предвидува да се избегне одржување на вонредни избори за градоначалници во три општини. Поддршка дадоа и пратениците од Европскиот фронт. Против беа 17 пратеници. Аеродром, Гостивар и Сарај ги водат в.д. градоначалници, откако Арбен Таравари и Тимчо Муцунски станаа министри, а Блерим Беџети пратеник.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети пред гласањето во име на пратениците од Европскиот фронт рече дека причината поради која Европскиот фронт ќе ги поддржи измените се да не ги малтретираат граѓаните да гласаат и да не се трошат дополнителни средства.

Да не ги малтретираме граѓаните да гласаат, имајќи предвид дека изборите треба да се одржат пред Нова година и остануваат неполни десет месеци до нивниот мандат, и имајќи предвид дека ние имаме спор на национален аспект околу легитимитетот, уставните измени коишто не се споменуваат никаде. Нормално, и да не трошиме дополнителни средства, тие може да бидат користени за градинки, училишта и многу амандмани кои ги предложивме во ребалансот и во буџетот којшто ќе следи верувам дека тие средства ќе се потрошат за доброто на граѓаните, посочи Беџети.

Пратениците од СДСМ, како што и претходно најавија, не дадоа поддршка за овие измени со образложение дека власта им го одзема правото на граѓаните да одлучуваат.