Украина

Нови напади во Запорожје, оштетени станбени згради и критична инфраструктура

24.09.2024 18:43

Москва вели дека украинскиот „План за победа“ е опасна авантура со изгледи за натамошна ескалација.

Уште една ноќ со размена на дронови меѓу Русија и Украина. Русија изведе нови напади во украинскиот град запорожје, при што еден загина, а шестмина биле ранети. Тоа е втор последователен ноќен бомбашки напад врз запорожје, при што биле оштетени станбени згради и критична инфраструктура.

Москва вели дека украинскиот „План за победа“ е опасна авантура со изгледи за натамошна ескалација.

Зеленски во Њујорк се сретна со шефовите на водечките американски енергетски, финансиски и осигурителни компании, при што главниот фокус биле подготовките на украинскиот енергетски систем за зима.