Свет

Продолжуваат израелските напади врз Либан, загинати над 550 луѓе

24.09.2024 20:28

И покрај зголемениот притисок врз Израел да ги прекине смртоносните напади, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави продолжување на воената операција.

Израел соопшти дека извршил десетици воздушни напади врз Хезболах денеска. И покрај зголемениот притисок врз Израел да ги прекине смртоносните напади, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави продолжување на воената операција.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека во израелските напади загинале најмалку 550 луѓе, меѓу кои 50 деца. Либанскиот министер за здравство Фирас Абијад изјави дека „огромното мнозинство од убиените вчера биле невооружени луѓе во нивните домови“. Неговиот кабинет го потврди убиството на уште шест лица во денешниот израелски воздушен напад врз јужен Бејрут.

Израел соопшти дека го „елиминирал“ ракетниот командант на Хезболах, Ибрахим Кобеиси во нападот врз либанската престолнина. Извор близок до Хезболах исто така потврди дека Кобеиси е убиен.