Здравство
Петти регистриран случај на западно-нилска треска во земјава
25.09.2024 08:26
Пациент од струмичко една недела е хоспитализиран на Инфективната клиника. Во наодот нема податок дали 62-годишниот маж патувал надвор од Македонија...

Нов, петти случај на западно-нилска треска регистриран во земјава. Пациент од струмичко една недела е хоспитализиран на Инфективната клиника. Во наодот нема податок дали 62-годишниот маж патувал надвор од Македонија. Пред 10 дена на Инфективна почина 78-годишен жител на Чешиново-Облешево поради компликации од вирусот.
Во април и во јули Институтот за јавно здравје евидентирал двајца заразени со западно-нилска треска кои биле импортирани случаи, а тестираниот во август не патувал надвор од државата.
