Нетанјаху: Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах
Министерот за одбрана Јоав Галант даде слични забелешки...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека неговата земја ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан. Министерот за одбрана Јоав Галант даде слични забелешки. Рече дека Израел мора да продолжи додека не ја постигне целта: да обезбеди безбедно враќање на жителите на северен Израел во нивните домови“.
Прекуграничната размена на оган меѓу Хезболах и израелската војска почна по почетокот на војната во појасот газа меѓу Израел и Хамас, предизвикана од нападот на палестинското исламистичко движење на 7-ми октомври на израелска територија. Хезболах тврди дека истрелува ракети кон Израел како поддршка на Хамас, неговиот сојузник.
„Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах. Му велам на народот на Либан: нашата војна не е со вас, нашата војна е со Хезболах. Насралах ве води на работ на бездната. Ви реков да ги евакуирате куќите. Ослободете се од контролата на Хезболах“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
