ДЗР со повеќе забелешки за Клиниката за неврологија
Нотирано е и дека биле креирани помалку од законски утврдените термини преку „мој термин“. Ангажирани биле медицински сестри, болничари и шалтерски работници со договор на дело, без согласност од Министерството за финансии...

Kлиниката за неврологија не ги евидентирала примените и потрошените лекови за ретки болести од донации во материјалната и сметководствената евиденција, утврдил Државниот ревизор во извештајот за 2023 година.
Нотирано е и дека биле креирани помалку од законски утврдените термини преку „мој термин“. Ангажирани биле медицински сестри, болничари и шалтерски работници со договор на дело, без согласност од Министерството за финансии, а била утврдена и несоодветна контрола на користење на услуги од службата за заеднички работи.
Дадени се препораки за преземање мерки и активности од одговорните лица за подобрување на состојбата.
