Зеленски пред Советот за безбедност на ОН говореше дека ќе ја добие војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го предупреди Советот за безбедност на Обединетите Нации дека Русија се подготвува да напаѓа три украински нуклеарни централи, тврдејќи дека Украина добила доказ за наводните планови...

Генералниот секретар на ОН, Гутереш, ја нагласи хуманитарната криза во Украина, нагласувајќи ја потребата од континуирана меѓународна поддршка. Рече дека петнаесет милиони луѓе во Украина имаат потреба од хуманитарна помош – повеќе од половина од нив жени и девојчиња. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го предупреди Советот за безбедност на Обединетите Нации дека Русија се подготвува да напаѓа три украински нуклеарни централи, тврдејќи дека Украина добила доказ за наводните планови. Жозеп Борел, пак, рече дека најбрзиот начин да се стави крај на војната е „повлекување на руските трупи“.
„Сега, додека се ближиме до третата зима од оваа војна, Русија повторно се обидува да го уништи нашиот енергетски систем, а оваа есен тие сè уште поцинични. Се подготвуваат да ги таргетираат нашите нуклеарни централи – три од нив – ги имаме овие информации и имаме доказ за тоа“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
