Јункер: Проширувањето на ЕУ носи мир и стабилност
Сепак нема да има ново проширување во наредните пет години, уште еднаш повтори Јункер...

„Проширувањето е историски успех кое донесе мир и стабилност за нашиот континент“, истакна Жан-Клод Јункер пред европратениците во Стразбур претставувајќи ги општите програмски ориентации на неговото претседавање со Европската комисија, јавува нашиот дописник од Стразбур.
Сепак, според идниот претседател на Европската комисија, Унијата и нејзините граѓани најпрвин треба да ги прифатат последните проширувања на 13 нови земји кои и се приклучија кон унијата само за 10 години.
„Затоа, под моето претседателство со Комисијата, преговорите кои се во тек ќе продолжат, посебно со земјите од Западен Балкан кои имаат потреба од европската перспектива“, рече Јункер.
Сепак нема да има ново проширување во наредните пет години, уште еднаш повтори Јункер.
