Лешници - одличен извор на растителни влакна и протеини
Содржат минерали- калциум, магнезиум, железо, манган, бакар кои се исклучително важни како микронутриенти за правилно функционирање на човековиот организам. Богати се со фолна киселина (витамин В9), калиум, фосфор и цинк...

Лешниците се богати со антиоксиданти, кои се соединенија кои штитат од оксидација на клетките. Тие го намалуваат степенот на оштетување на клетките од слободните радикали. Лешниците содржат антиоксиданс витамин Е.
Тие исто така се одличен извор на растителни влакна и протеини. Според последните истражувања, јадењето јаткасти плодови може да им помогне на некои луѓе да добијат помалку тежина.
Содржат минерали - калциум, магнезиум, железо, манган, бакар кои се исклучително важни како микронутриенти за правилно функционирање на човековиот организам. Богати се со фолна киселина (витамин В9), калиум, фосфор и цинк.
Јадењето лешници може да помогне и во намалување на холестеролот.
