Судство

По вторпат одложено судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

25.09.2024 10:54

Првиот судски процес се водеше откако на 8 септември 2021 година 14 луѓе ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во рамки на Клиничка болница Тетово...

По вторпат се одложи повторното судење за пожарот во тетовската модуларна болница. Причина за одложувањето е отсуство на Самоил Филиповски, адвокат на Артан Етеми, еден од двајцата обвинети директори на Клиничка болница Тетово. Рочиштето е закажано за 5 ноември 2024 во 10 часот.

Апелацискиот суд во април годинава донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница, Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект. За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд во април 2024 година ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.

Првиот судски процес се водеше откако на 8 септември 2021 година 14 луѓе ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во рамки на Клиничка болница Тетово.