Тенис

Алкараз обезбеди учество на Завршниот АТП турнир

25.09.2024 11:00

Третиот светски рекет, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се квалификуваше за Завршниот турнир на АТП. Пред Алкараз на Завршниот турнир се пласираа светскиот рекет број еден Јаник Синер и Германецот Александар Зверев...

Третиот светски рекет, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се квалификуваше за Завршниот турнир на АТП, објавено е на веб-страницата на организацијата.

Пред Алкараз на Завршниот турнир се пласираа светскиот рекет број еден Јаник Синер и Германецот Александар Зверев.

Алкараз трет пат по ред ќе учествува на Завршниот турнир. Минатата сезона Шпанецот загуби во полуфиналето од Србинот Новак Ѓоковиќ, кој подоцна го освои трофејот.

Новак Ѓоковиќ сè уште се наоѓа на деветтото место, а учество на турнирот обезбедуваат само првите осуммина. Тој има два турнира за да влезе во топ-8 бидејќи досега е најавено учеството само на Мастерсите во Шангај и Париз. Ѓоковиќ неодамна изјави дека настапот во Торино не му е главна цел и дека нема по секоја цена да брка пласман меѓу најдобрите осум.

Натпреварот ќе се одржи од 10 до 17 ноември во Торино, Италија.