Индија

Жителите на Кашмир гласаат во втората фаза од изборите

25.09.2024 11:10

Жителите на Кашмир под контрола на Индија гласаат во втората фаза од непречените избори за локална власт...

Жителите на Кашмир под контрола на Индија гласаат во втората фаза од непречените избори за локална власт.

Околу 2,6 милиони жители во Кашмир имаат право да изберат 26 од 239 кандидати во шест области, вклучително и во најголемиот регионален главен град Сринагар.

Ова се први вакви избори во една деценија и први откако Хинду националистичката влада на индискиот премиер Нарендра Моди ја укина полуавтономијата на регионот со мнозинско муслиманско население во 2019 година.