Кина

Лансиран интерконтинентален проектил за првпат од 1980

25.09.2024 11:11

Кина објави дека успешно лансирала интерконтинентална балистичка ракета со лажна боева глава, која паднала во Тихиот Океан...

Кина објави дека успешно лансирала интерконтинентална балистичка ракета со лажна боева глава, која паднала во Тихиот Океан.

Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека лансирањето било рутинско и дел од годишен тренинг. Ова е прв ваков тест по 1980 година.

Типот на проектилот и патеката на неговото движење не се познати, а Кина однапред ги известила сите држави кои би можеле да бидат загрижени.