Уставен суд

Уставен суд исправен пред предизвикот да ги заштити личните податоци на граѓаните

25.09.2024 12:05

Расправа по иницијативата за Законот за електронски комуникации кој пропишува обврска за телекомуникациските оператори да задржуваат податоци за електронските комуникации на сите претплатници во период од 12 месеци, без судска одлука за тоа...

Уставен суд исправен пред предизвикот да ги заштити личните податоци на граѓаните од телекомуникациските оператори.

Расправа по иницијативата за Законот за електронски комуникации кој пропишува обврска за телекомуникациските оператори да задржуваат податоци за електронските комуникации на сите претплатници во период од 12 месеци, без судска одлука за тоа.

Подносителите на иницијативата сметаат дека одредбите од Законот не содржат доволно гаранции против евентуална злоупотреба од страна на овластениот орган со дадената техничка можност за континуирано и самостојно следење на електронските комуникации на граѓаните.

Во отсуство на јасни законски одредби во врска со следењето на комуникациите, постои ризик за создавање неограничена моќ, во спротивност со принципот на владеењето на правото и човековите права на приватност и заштита на личните податоци-оценуваат подносителите на иницијативата.