Македонија

Оброците за припадниците на АРМ се исправни, покажала внатрешната контрола

25.09.2024 12:27

По вонредната контрола од страна на надлежните органи, на кујната на компанијата и сите земени мостри од храна, површини и намирници, резултатите покажуваат негативни наоди за постоење на било каква бактерија или друг вид на причинител кој може да предизвика труење...

Оброците за припадниците на АРМ се исправни-покажала внатрешната контрола на кујната на компанијата која ја подготвува храната.

По вонредната контрола од страна на надлежните органи, на кујната на компанијата и сите земени мостри од храна, површини и намирници, резултатите покажуваат негативни наоди за постоење на било каква бактерија или друг вид на причинител кој може да предизвика труење.

Ова следуваше по труењето со храна на дел од припадниците на АРМ на почетокот од месецов.