Презентација на кинематографери, панел и откривање ѕвезди на лауреати на ИФФК „Браќа Манаки“
Во битолското кино „Манаки“ продолжува проекцијата на филмови во категорија „Кратка програма“, а прв ќе биде емитуван филмот „Состојба на умот“ на Александра Кардалевска во кој кинематографер е Душан Кардалевски...

Проекција на бројни филмови, презентации, панел дискусии, и работилници на 45. на ИФФК, „Браќа Манаки“. На секојдневните прес конференции кинематограферите го пренесуваат искуството од учеството на фестивалот и откриваат детали за филмовите со кои учествуваат на фестивалот.
Од официјалната селекција за Златна камера 300, беше прикажан филмот, хрониките на еден скитачки светец, на аргентинскиот кинематограферот Пабло Лозано „Златна европска камера“ е новата селекција на европски филмови од земјите со низок продукциски капацитет, во која влезе и филмот „Осаменост“, на словачкиот кинематограферот Душан Хусар.
„Режисерот е растен како католик, и има големи познавања за католичката вера, така што целиот филм беше снимен со почитување на верата, и не добивме никакви негативни коментари за богохулење од страна на аргентинското население, филмот е одлично прифатен во Аргентина“, изјави Пабло Лозано-аргентински кинематографер.
„Прекрасна беше локацијата Исланд, каде и да погледнеш можеш да снимаш, што за нас беше фасцинантно, а за нив секојдневие, затоа беше предизвик за мене да пронајдам смирени и мирни места кои ќе бидат реални и за нив и за нас, без да се стави акцентот само на најубавите места“, изјави Душан Хусар-чешки кинематографер.
ИФФК „Браќа Манаки“ завршува на 27 септември.
