Македонските и грчките железници ја зголемат соработката
Директорот на Македонски железници Инфраструктура, Ирфан Асани е во возвратна посета на Грчките железници во Атина...
Македонските и грчките железнички компании ќе соработуваат поблиску за подобрување на граничниот железнички сообраќај. Директорот на Македонски железници Инфраструктура, Ирфан Асани е во возвратна посета на Грчките железници во Атина.
На разговорите меѓу двете делегации фокусот беше ставен на воспоставување на железничкиот сообраќај помеѓу двете држави на граничниот премин Битола- Кременица- Кафкасос на Коридорот 10.
Директорот Асани го информирал домаќинот за динамиката за реконструкција на пругата Битола – Кременица во должина од 16 километри, која треба да почне годинава и да заврши до крајот на 2015 година.
Грчки железници ја потврдиле определбата станицата Кафкасос од грчка страна да биде заедничка гранична станица, како што е Гевгелија на Коридорот 10.
