„Русија мора да биде принудена на мир“, порача Зеленски, за Кремљ планот е фатална грешка
Украинскиот претседател Зеленски му порача на Советот за безбедност на Обединетите нации дека војната меѓу Русија и Украина не може да се запре преку преговори...

Украинскиот претседател Зеленски му порача на Советот за безбедност на Обединетите нации дека војната меѓу Русија и Украина не може да се запре преку преговори, туку дека Москва мора да биде принудена да постигне мир. Предупреди дека Русија се подготвува да нападне три украински нуклеарни централи.
„Од првата секунда од оваа војна, Русија прави работи што не може да се оправдаат според Повелбата на ОН. И затоа оваа војна не може едноставно да згасне, не може да се смири со разговори. Потребна е акција. Путин прекрши толку многу меѓународни норми и правила што нема да престане сам. Русија може само да биде принудена на мир, и тоа е токму она што е потребно“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Од Кремљ со став, планот да се принуди Москва на мир е фатална грешка за која Киев ќе ги трпи последиците. Употребата на западното оружје со долг дострел на руска територија, тема на средбата Бајден-Зеленски во Вашингтон.
„Од моја гледна точка, таквата позиција е фатална грешка. Ова е длабока заблуда, која, се разбира, неизбежно ќе има последици за режимот во Киев. Русија постапува во согласност со сите принципи и норми на меѓународното право, вклучувајќи ги и заштитата на своите легитимни интереси“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.
