Инспекторите на терен, се вршат проверки дали цените на продуктите од есенската кошничка се намалени
Пазарниот инспекторат на терен, се вршат проверки дали цените на продуктите од есенската кошничка се намалени согласно владината одлука. Не сите производи коишто се дел од есенската кошничка имаа ознаки, велат граѓаните...

Не сите производи дел од есенската кошничка имаа ознаки, велат граѓаните. Над 120 инспектори се на терен. Од Пазарниот инспекторат велат дека трговците имале доволно време да ги обележат производите. Нема да се толерира неетичко однесување.
Казните се од две до 10 илјади евра и затворање на објекти, најавува директорот Трајковски. Тоа што некои производи не се намалени не значи дека трговците не ја почитуваат мерката, вели директорот на Пазарна, Трајковски.
И од Министерството за економија со став, непочитувањето на владината мерка за ограничување на маржите на 10 отсто не смее да помине неказнето.
Есенската кошничка ќе важи до 31-ви октомври, а потоа следуваат предновогодишна и пролетна кошничка за намалување на цените на производите кои најмногу се користат во тој период од годината. В петок би требало да стапи на сила Законот за нефер трговски практики.
Александра Велинова
