Во сабота започнува фестивалот на античка драма „Стоби 2014“
Античкиот локалитет Стоби по 13-ти пат ги отвара вратите за љубителите на античката драма. Под ведрото небо годинава на древната цена ќе бидат одиграни пет престави од кои четири се во конкуренција за една од наградите.

Сцената на древниот Стоби викендов по 13-ти пат како дел од Фестивалот на античка драма „Стоби 2014“ ќе ги собере љубителите на театарската игра. Во осумте фестивалски вечери ќе бидат одиграни пет престави од кои четири во конкуеренција за една од наградите. За прв пат во Стоби ќе се игра престава во која и публиката и актерите ќе бидат на сцената.
„Федра тоа е независна продукција една доста интересна престава ќе се одигра практично за 60 гледачи. Публиката е на сцена и практично и актерите се дел од публиката“, рече Зоран Љутков, Здружение на граѓани „Фестивал на античка драма Стоби“.
Фестивалот е тематски и е единствен во регионот, финансиски е поддржан од локалната самоуправа и Министерството за култура. Покрај домашните актери на сцената во Стоби годинава ќе заиграат и актери од Казахстан. Организаторите жалат што два домашни театри во последен момент ги откажале своите планирани премиери на Стоби.
„Пред месец дена, што и практично беше доцна да донесеме други странски престави, МНТ со Електра ја откажа својата планирана премиера“, рече Љутков.
Поради истражувањата кои се случуваат во локалитетот Стоби просторот на кој може да биде сместена публиката и годинава е намален. Максималниот број на посетители на една престава со исклучок на преставата Федра е 700. Фестивалот почнува во сабота на 19-ти а ќе трае до 26 јули.
Дијана Иванова
