Македонија

Продолжуваат меѓупартиските несогласувања околу Законот за бранители

25.09.2024 14:46

Таравари во интервју за МТВ вели дека Владата има подолгорочна стратегија, но потребна е почеста консултација и синхронизација меѓу партиите од власта. За Демократскиот сојуз неприфатливо е Законот за бранители да се користи за меѓупартиски конфронтации и поттикнување на меѓуетнички тензии...

Министерот за здравство Таравари во интервју за МТВ вели дека Владата има подолгорочна стратегија, но потребна е почеста консултација и синхронизација меѓу партиите од власта! Неговиот став доаѓа откако пратеникот Снопче се закани дека Вреди ќе излезат од Владата ако се изгласа Законот за бранители.

„Како што ја свика Комисијата за буџет така претседателот на Собранието Африм Гаши може да ја свика и Комисијата за труд и социјална политика за да се разгледува Законот за бранители“, вели Јован Митрески кој бара за надлежностите на спикерот да расправа мандатно имунитетната комисија.

Неприфатливо е Законот за бранители да се користи за меѓупартиски конфронтации и поттикнување на меѓуетнички тензии, првенствено од страна на ДУИ и СДСМ – смета владиниот партнер Демократски сојуз.

„За припадниците на ОНА се направија голем број отстапки од амнестија до вработување па најостро ги осудуваме најавите на ДУИ дека ќе дојде до дестабилизација на земјата“, пишува во дописот на Демократскиот сојуз.

 

Миле Ристески