Петти случај на западно-нилска треска регистриран во земјава
Нов, петти случај на западно-нилска треска регистриран во земјава. Пациент од струмичко една недела е хоспитализиран на Инфективната клиника. Директорот на Инфективната клиника вели - го лекуваме од друга болест, пациентот е стабилен, свесен, нема невролошко засегање...

Хоспитализираниот пациент од Струмичко е позитивен на западно-нилска треска, но неговата клиничка слика не одговара на оваа болест. Директорот на Инфективната клиника вели- го лекуваме од друга болест, пациентот е стабилен, свесен, нема невролошко засегање.
Првите симптоми ги почувствувал на почетокот на месецов, десетина дена подоцна побарал лекарска помош и бил хоспитализиран во струмичката болница од каде за помалку од 24 часа е донесен од Скопје. 80 проценти од граѓаните каснати од заразен комарец поминуваат без никакви симптоми, 20 со лесна температура, треска, додека помалку од 1 процент имаат тешка клиничка слика. Цана вели здравствениот систем затајува и пациентите доцна стигаат кај нив.
Ова е петти случај на западно-нилска треска. Пред десетина дена на Клиниката за инфективни болести почина пациент како последица на оваа болест.
Наташа Јанчиќ-Менковски
