Земјотресите што се случија изминативе денови се вбројуваат во незначителни, велат сеизмолозите
Од сеизмолошката опсерваторија велат дека и по првиот и по вториот земјотрес овие два дена има слаба афтершоковска активност и е во границата на еден магнитуден интервал од 1,5 до 2,3...

По неколкуте земјотреси кои граѓаните ги почувствуваа и апелот за заштита од сеизмолозите, повторно се отвори прашањето дали треба да се стравува од посилни афтершокови.
Последниот најјак земјотрес којшто ги вознемири скопјани беше во 2016-та година со 5,4 степени според Рихтер.
Со магнитуда од 5 степени се случуваат на 50 до 70 години, вели професорот Гаревски. А овие што се случија изминатите денови се вбројуваат во незначителни земјотреси. Граѓаните не треба да се плашат. Градбите во Скопје се безбедни.
Од сеизмолошката опсерваторија велат дека и по првиот и по вториот земјотрес, овие два дена има слаба афтершоковска активност и е во границата на еден магнитуден интервал од 1,5 до 2,3.
Контроли за сеизмичка сила на градбите се прават постојано на терен, особено на оние објекти коишто се поголеми од 300 квадратни метри, уверуваат експертите во оваа област.
Ана Јосифовска-Тодоровка
