Македонија

Се бара модел како да се задржат младите дома, по студирањето во странство

25.09.2024 15:24

Само на словенечките факултети минатата академска година се запишале над 1.700 студенти. Има и студенти кои по дипломирањето во Словенија се вратиле и работат за словенечки фирми во земјава...

Одливот на младите во нашата земја ги вклучи алармите. Се бара модел, се договараат мерки како нашите деца по школување во друга држава да се вратат дома како високопрофилирани кадри.

Само на словенечките факултети минатата академска година се запишале над 1.700 студенти. Кристијан Поповски е еден од нив. Вели, таму има бесплатни студии, можности за вработување, а универзитетите се рангирани во светски рамки. Има и студенти кои по дипломирањето во Словенија се вратиле и работат за словенечки фирми во земјава.

Во Словенија веќе има и Македонска студентска организација, која помага во развој на кариерни можности и вклопување во словенечкиот образовен систем.

Од Министерството за економија велат дека за в година се планира да се одвојат финансиски средства за враќање на младите луѓе за да отворат свои бизниси.

Наташа Гркова-Петрушевска