Македонија

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

25.09.2024 15:57

На средбата со невладиниот сектор, тој ја споделил целта за која се залага Владата која ја предводи, бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата на високо ниво.

„Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата“ – вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по средбата со Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ).

На средбата со невладиниот сектор, тој ја споделил целта за која се залага Владата која ја предводи, бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата на високо ниво.

„Без да победиме во таа борба не можеме да имаме развиена држава, не можеме да имаме подобри услови и подобар стандард на граѓаните“-вели премиерот Мицкоски.

На средбата, дополнително се зборувало и за доброто владеење, кое според премиерот, исто така претставува императив за Владата.